Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Италијанскиот фудбалер Антонио Ночерино потврди дека ја завршува својата кариера и дека ќе се посвети на тренерската работа.
Ночерино своите најдобри денови од кариерата ги помина во дресот на Милан, а потоа играше уште за Торино, Парма и Орландо Сити. Овој 34-годишен играч е без клуб веќе година дена по напуштањето на Беневенто.
Иако имал неколку понуди за продолжување на кариерата тој одлучи да ги закачи копачките и да се посвети на тренерската работа. Ночерино потврди дека веќе нема професионално да се занимава со играње фудбал.
“Дојде време кога треба да кажам збогум на единствениот вистински пријател, фудбалот. Ова е болна одлука, но среќен сум што го исполнив сонот на татко ми да станам професионален фудбалер. Сега ќе се посветам на семејството и тренерската работа. Тоа е нов предизвик во мојот живот и ќе дадам се од себе да успеам”, порачува Ночерино.
Ночерино играше и за репрезентацијата на Италија за која запиша 15 настапи.