Антонов е првото засилување на ЦСКА Москва


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Рускиот репрезентативец, Семен Антонов е нов кошаркар на ЦСКА Москва.

Клубот од Москва на официјалниот сајт потврди дека потпишаа 3-годишен договор со досегашниот крилен кошаркар на Нижни Новгород.

27-годишниот Антонов минатата сезона во Еврокупот имаше учинок од 13.1 поен, 4.7 скока и 2.5 асистенции, а во ВТБ лигата 12.4 поени, 4.9 скока и 1.7 асистенции.

Армејците очигледно сакаат експресно да ја завршат работата во летната пауза и во претходните дена потпишаа нови договори со Кори Хигинс, Витали Фридзон, Нандо Де Коло, Виктор Хријапа и Иван Лазаров.