Арапите кои го купија Њукасл ја финансирале компанијата која го презема Челси!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дејли Мејл“ објави дека сопствениците на Њукасл уплаќале пари на компанијата, која купи 60 отсто од акциите на Челси.

Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија стана газда на Њукасл за 350 милиони фунти, а тие биле дел и од инвеститорите во компанијата „Клиарлејк“, кој е мнозински сопственик во Челси.

Арапите наводно уплатиле сума од осум милијарди фунти, но извори од Челси тврдат дека тие пари немале никаква поврзаност со тимот и дека сопствениците на Њукасл немаат акции во поранешниот европски и англиски шампион.

Овие шпекулации од британскиот медиум ќе бидат детално истражени од службите за да се утврди дали има некаков конфликт на интереси.