Еусебио Ди Франческо доби нова шанса, но првично ја одби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еусебио Ди Франческо неодамна доби отказ во Рома. После серијата лоши резултати во Серија А и излегувањето во ЛШ од Порто, раководството на римскиот тим одлучи да ја раскине соработката со него.

Меѓутоа, тој многу брзо можеше да започне со нова работа. Раководството на Фиорентина одржало состанок со него и му била понудена соработка, но тој одлучил да каже „НЕ“ барен во овој момент.

Проблем се парите. Виолетовите му понудиле договор на три години вреден 2 милиони евра по сезона, но Ди Франческо побарал повеќе.

Тој во Рома заработуваше три милиони евра по сезона.Интересно е тоа што Волчицата ќе го плаќа до истекот на договорот до 2020. година и на тој начин ќе си го наплати отказот кој го доби.

Раководстовот на Фиорентина има намера да одржи додатни преговори со Ди Франчецо. Тој им е прв избор како замена за Стефано Пиоли, но ако не успеат со негов ангажман, ќе се свртат кон други опции.

Се споменуваат уште Сари и Неста како опции.