На прославата на 18-ти роденден го чека договор со Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид минатата година го купи талентираниот Винисиус Жуниор кој веднаш се наметна во првиот тим, а на лето планира да донесе уште еден бразилски „вундеркинд“.

Реал го доведе Винисиус во Фламенго за 45 милиони евра, а сега „кралевите“ сакаат од истиот клуб да купат уште еден тинејџер.

Станува збор за 17-годишниот Реиниер Жесус, кој важи за еден од најголемите бразилски таленти и во договорот има откупна клаузула од 65 милиони евра.

Реал Мадрид има одлични односи со Фламенго и ќе се обиде да ја намали таа сума преку преговори, па медиумите тврдат дека трансферот може да се комплетира помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Реиниер може на лето да потпише договор со „кралевите“, но трансферот не може да се реализира од 19-ти јануари 2020 година кога играчот ќе наполни 18 години.

Станува збор за офанзивец играч за врска кого во Бразил го нарекуваат „новиот Кутињо“. Силен интерес за фудбалерот покажува и Милан, кој исто така веќе остварил контакт со Фламенго.