Каков гаф: Роналдо со трофеј го удри во глава својот син! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус синоќа одигра 1-1 против Аталанта на домашен терен во претпоследното коло од италијанската Серија А.

„Старата дама“ одамна ја обезбеди титулата во Италија, а трофејот синоќа конечно успеаа да го кренат пред свои навивачи. Фудбалерите и навивачите на Јуве така ја прославија осмата титула по ред и така ја продолжија доминацијата.

Многу интересна ситуација се случи, кога трофејот го зема Кристијано Роналдо во свои раце и сакаше да се фотографира со своето семејство.

Додека чекаше сите да се наместат, случајно со трофејот го удри својот најстар син Кристијано јуниор во глава. Но, за среќа момчето не беше повредено, па се насмеа и покажа дека е во ред по ударот.