„Плачев кога заминав од Арсенал во Барселона, тоа беше мојата најголема грешка во кариерата“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу фудбалери имаат сон да заиграат во клуб како Барселона, но верувале или не има и такви кои сметаат дека тоа било грешка.

Еден од нив е белорускиот фудбалер Александар Хлеб, кој на изненадување на сите во 2008 година потпиша за Барселона.

Барселона тогаш плати за него околу 15 милиони евра, но Хлеб беше големо промашување. И самиот Белорусин во интервју за англиските медиуми призна дека воопшто не сакал да се пресели во Каталонија и знаел дека тоа е грешка.

„Не можам да објаснам зошто го напуштив Арсенал. Бев многу среќен таму. Венгер ми веруваше и навистина уживав, а потоа решив да заминам. Се сеќавам дека бев на одмор и потоа менаџерите ми се јавија и ме убедија дека треба да потпишам за Барселона. Не го сфатив тоа на почетокот, но знам дека направив грешка. Плачев како дете кога си заминав од Арсенал…“, вели Хлеб.