Унаи Емери вчера како да гледаше некој друг натпревар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал синоќа повторно ги разочараа своите навивачи со поразот кој го претрпија на гости од Шефилд Јунајтед со резултат од 1:0.

Топџиите беа најголемите фаворити на вчерашниот натпревар, но уште еднаш приредија многу лош натпревар и заслужено изгубија. Одлучувачкиот момент од натпреварот се случи во 30. минута кога веќе традиционално киксна одбраната на Арсенал, а голот од 1:0 го постигна Моусет.

Арсенал во продолжетокот на натпреварот ја имаше иницијативата и поседот на топката, но играчите не овој тим делуваа тотално без идеја. И кога успеаа да дојдат до голот на противникот не можеа посериозно да го заплашат Хендерсон.

Тренерот на овој тим, Унаи Емери доби големи критики по поразот на овој натпревар кој повторно експириментираше со почетниот тим. Но, како и вообичаено, шпанскиот стручњак мисли дека неговиот тим одигра добар натпревар и дека не заслужиле пораз. Емери порача дека судијата Мајк Дин не досудил чист пенал за неговиот тим.