Ова момче ја „збудале“ фудбалската јавност во Европа, Јуве веќе спреми пари, Раиола ги трие рацете, но дали Јунајтед ќе биде најбрз?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


19 годишниот напаѓач на РБ Салсзбург, суперталентираниот Норвежанец Ерлинг Браут Халанд, оваа сезона понуди импресивни натпревари на домашната сцена, но и во Европа.

Од почетокот на сезоната тој има одиграно 15 натпревари, а постигна дури 22 погодоци! Од тоа, на само три натпревари во Лигата на Шампионите тој три пати ја затресе мрежата!

Секако, неговиот придонес ги импресионираше најголемите европски клубови кои веќе почнаа да припремаат пари за да се впуштат во трката за потписот на Халанд.

Денес од Италија пристигна информација која ја објави новинарот Николо Скира кој пишува за „Gazete Dello Sport“ дека Јувентус е спремен да плати 40 милиони евра за трансферот на Халанд наредното лето и дека Мино Раиола веќе ги „потегнува конците“ кон тој правец.

Меѓутоа, јасно е дека и во Јувентус нема да биде лесно да се оствари оваа желба бидејќи веќе почнаа шпекулациите и за другите заинтересирани клубови меѓу кои се Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Медиумите од островот пренесуваат дека во Јунајтед сакаат уште сега во јануарскиот преоден рок да ја завршат работата, а се споменува и сума од 50 милиони фунти.

На „Transfermarket“ вредноста на Холанд се проценува на 12 милиони евра, но јасно е дека кога ќе дојде време Салсзбург за неговиот трансфер ќе заработи многу повеќе.

Тој со договоро со Австријците е врзан до летото во 2023. година.