Анри го избра најдобриот напаѓач во ПЛ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот напаѓач, Тиери Анри го избра најдобриот напаѓач во ПЛ.

Иако со години беше икона во ПЛ во дресот на Арсенал, Анри беше објективен кога го прашаа за тоа кој моментално е најдобар напаѓач во ПЛ.

„Се може да се случи ако имате напаѓач каков што е Коста. За мене моментално е најдобар во ПЛ“, изјави Анри.

„Прави притисок, секогаш трча, па многу е досаден на противничките фудбалери. Сето тоа го прави најдобар во овој момент.“

Коста, напаѓачот на Челси моментално е најдобар стрелец во ПЛ со 12 погодоци, а Алексис Санчез има постигнато 11 погодоци.