Алексис Санчез сам го победи Сандерленд (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал на Емирати го победијa Сандерленд, 2:0.

Пикфорд го одбрани ударот на Жиру во десетата минута. Потоа Белерин пропушти голема шанса за погодок. Голманот на Арсенал, Чех во неколку минути одлично интервенираше по ударите на Ндонг и Дефо. Пред крајот на првото полувреме Белерин ја погоди стативата.

Жиру со глава во второто полувреме шутираше непрецизно. Домашните конечно го совладаа Пикфорд во 72-ра минута кога Алексис Санчез ја затресе мрежата на Пикфорд.

Девет минути пред крајот на натпреварот Алексис Санчез го постигна својот втор погодок на натпреварот и ги постави конечните 2:0.