Фудбалерот на Евертон, Баркли открива: „Не сум бил на никакви…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Фудбалерот на Евертон, Рос Баркли, ги демантираше гласините дека тој бил на медицниски прегледи во англискиот шампион Челзи, во последниот ден од трансфер маркетот.

Во четвртокот сопственикот на Евертон, Ферхад Мохири, зборуваше за Скај Спортс и откри дека Баркли заминал во Лондон, на медицински прегледи и дека до крајот на денот тој ќе потпише за Челзи за сум од 35 милиони фунти, но на крајот од денот тој се премислил и се вратил во Евертон.

„Многу гласини излегоа пред некој ден, но ниту една од нив не беше вистина, јас не бев на медицински прегледи во ниту еден клуб“. изјави Баркли.

„Одлучив дека за мене е најдобро прво да се опоравам од повредата, а за мојата иднина ќе одлучам во Јануари, кога ќе бидам потполно здрав“. – Заврши Рос Баркли.