УЕФА го суспендира Насри од фудбалските терени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Самир Насри е суспендиран од страна на УЕФА на половина година поради користење на допинг.

Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи францускиот фудбалер да го суспендира на шест месеци поради користење допинг.

Одлуката е веќе донесена и на неа фудбалерот може да поднесе жалба.

Додека бил играч на Севиља , Насри користел недозволена супстанца, а од клиниката во Лос Анџелес во кој добил третман рекле дека добивал само физиолошки раствор како би бил доволно хидриран во текот на напорната сезона.

Останува да се види како ќе се движи неговата кариера после оваа суспензија и фактот дека скоро сигурно му пропадна трансферот во Лас Палмас.