Што ќе кажат навивачите на Јувентус? Дибала „фатен“ во тајна посета на Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пауло Дибала не се најде на списокот на селекторот на Аргентина, Сампаоли за претстојните пријателски натпревари, па репрезентативната пауза ќе ја искористи за одмор и патувања.

На навивачите на Јувентус нема да им се допадне фактот дека за своја дестинација го одбра Мадрид. Прво затоа што Јуве наскоро игра против Реал Мадрид во ЛШ, а второ поради тоа што Аргентинецот се споменуваше како можно засилување на „кралевите“.

Дибала го виделе едни гости во ресторан во Мадрид, а фотографиите стигнале на интернет и откако се дозна дека е во Мадрид, шпанските медиуми веднаш почнаа да пишуваат дека преговара со Реал.

Сепак, не може да се потврдат тие шпекулации, но на навивачите нема да им се допадне фактот дека еден од нивните најдобри играчи се наоѓа во Мадрид.