Аргентинците прославија со навивачите, а Меси не можеше да прекине да плаче 🎥


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Аргентина синоќа пред домашните навивачи ја победи Боливија со 3-0. Тие во мечот од квалификациите за Светското првенство играа во Буенос Аирес, а уште еден неверојатен дуел одигра Лионел Меси.

Меси беше најдобар играч во мечот затоа што постигна хет-трик и уште еднаш покажа за каков мајстор станува збор.

По мечот Аргентинците застанаа пред своите навивачи и решија да ја слават титулата во Копа Америка, која ја освоија пред два месеци.

За Меси ова беше прв голем трофеј со репрезентацијата и јасно е колку многу му значеше, а посебно сега кога имаше шанса да прослави со навивачите.