Арјан Адеми погоди за Динамо Загреб, хрватскиот тим испушти победа во судиското продолжение (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Арјан Адеми постигна погодок за тимот на Динамо Загреб во неверојатниот натпревар кој заврши без победник, 3:3.

Адеми беше стрелец на последниот,трет погодок со кој требаше да се потврди победата на хрватскиот тим, меѓутоа Шахтјор со два гола во судиското продолжение успеа да  однесе еден бод во Украина. Гостинот поведе со голот на Алан, а Петковиќ израмни на 1:1 во 25. минута.

Вториот гол Динамо го постигна во 83. минута преку Иванушеќ, а третиот  го постигна нашиот Адеми во 89. минута. Знак на надеж донесе Мораеш со гол во 93. минута, а молк на Максимир предизвика Тете со гол од пенал во 97. минута.

На преостанатитенатпревари вреди да сеспомене убедливата победа на Реал Мадрид на Галатасарај со 6:0, како и победата на Тотенхем од 4:0 на гостувањето во Белград кај Црвена Звезда.

Аталанта- Манчестер Сити 1:1

Баер Лверкузен- Атлетико Мадрид 2:1

ПСЖ- Клуб Бриж 1:0

Реал Мадрид- Галатасарај 6:0

Динамо Загреб- Шахтјор 3:3

ЦрвенаЗвезда- Тотенхем 0:4