Арнолд го истрола Мурињо по дербито меѓу Ливерпул и Тотенхем 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул во самата завршница славеше против Тотенхем со 2-1, откако Роберто Фирмино постигна гол во 90. минута.

По последниот судиски свиреж можеше да се забележи мала расправија меѓу тренерите Жозе Мурињо и Јирген Клоп, а на прес-конференцијата тие открија за што станува збор.

Мурињо му кажал на Клоп дека подобриот тим на теренот го загубил мечот, иако Клоп не се сложи со него.

Оваа расправија ја искористи и фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, кој го истрола португалскиот стратег.

„Подобриот тим победи“, напиша Арнолд на социјалните мрежи и така го „пецна“ Мурињо.