Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Левиот бек на Ливерпул Костас Цимикас се повреди на последниот тренинг пред мечот против Реал Мадрид.
Како што беше потврдено денес, Гркот се здобил со повреда поради која нема да биде на располагање за денешното дерби во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.на “Енфилд”.
Не треба да заборавиме дека поради повреда последните три недели паузираше Трент Александер-Арнолд, но најверојатно тој ќе биде на списокот на играчи, бидејќи денес тренираше нормално со останатите од тимот.
Освен Цимикас, надвор од стројот остануваат и – Алисон Бекер, Диого Жота и Федерико Кјеза.
Добра вест е што ударната постава што се уигруваше последните недели е комплетна и на располагање, па Ливерпул би требало да игра во најсилен состав.