Арпад Штербик му кажа збогум на ракометот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Арпад Штербик реши да ја заврши кариерата на 40 години. Тој во кариерата бранеше за многу тимови и откри кога ја донела одлуката.

Штербик негираше дека се пензионирал поради пандемијата, но таа ги забрзала работите.

„Одлуката ја донесов пред пандемијата. Коронавирусот само ги забрза работите. Мојата сопруга ми кажа неодамна дека можам уште да играм, но јас решив дека треба да биде крај“, кажа Штербик.

Штербик четири пати ја освои ракометната Лига на шампиони, а посебно се издвојува таа со Вардар во 2017 година.

Кариерата ја заврши како голман на Веспрем, а бранеше и за Сиудад Реал и Барселона.

Во репрезентативната кариера со Шпанија ги освои Европското и Светското првенство, додека со Србија и Црна Гора на светските првенства во 1999 и 2001 година беше трет.