Арсен Венгер ја одбил Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот француски стручњак Арсен Венгер (70), ја одбил понудата од Барселона.

Француските медиуми објавија дека 70-годишниот стручњак бил контактиран од управата на каталонскиот гигант за преземање на тимот, но тој одбил.

Тренерската икона е без работа уште од 2018. година, кога го напушти Арсенал по повеќе од две децении. Тој призна дека има бројни понуди, но не сакал да прифати ниту една од нив и претпочитал да работи на проекти во УЕФА и како професионален телевизиски консултант.

Дури и Барса не успеа да го ангажира. Тие му понудија работа наместо Кике Сетиен уште пред продолжението од сезоната во Лигата на шампионите, но тој рече „не“ и целата приказна заврши таму.

Барселона ќе мора да бара други решенија, а како потенцијални наследници на Сетиен се споменуваат Чави, Маурисио Покетино, Марчело Галардо и Гарсија Пимиента.