Арсен Венгер откри дека го одбил Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот француски стратег, Арсен Венгер откри дека одбил неколку понуди од Реал Мадрид додека бил на клупата на Арсенал.

Во интервју за „БеИН спорт“ Венгер изјави дека ги одбил „кралевите“ и со тоа го жртвувал својот победнички потенцијал, за лојалниот потенцијал кон Арсенал.

„Се каам дека можеби го жртвував победничкиот потенцијал заради лојалниот потенцијал. Или поради желбата да изградам клуб со своето влијание кој ќе биде лимитиран финансиски. Чувствував дека сум во клуб (Арсенал) каде ги исполнував моите потреби на начинот на кој што сакав да работам. Зошто да го менувам тоа или да бидам поуспешен, но во помалку среќна ситуација, каде би имал помало влијание на клубот (Реал Мадрид)? Затоа одлучив да ја продолжам мојата љубовна приказна со Арсенал“ –истана Венгер.