Арсенал без муниција во Минхен: Баерн обезбеди полуфинале во ЛШ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен славеше во реваншот против Арсенал со 1-0 и се пласира во полуфинале на Лигата на шампиони (ЛШ).

Двете екипи имаа по неколку шанси во првото полувреме, но до првиот гол се чекаа 63 минути, кога Џошуа Кимих испрати „бомба“ во голот на гостите.

Рајс и Одегард во продолжение се заканија, но одбраната на чело со Ноер беше на висина на задачата.