Арсенал доби уште едно засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лондонскиот Арсенал ќе добие уште едно засилување.

Новиот член на „Топџиите“ ќе биде бразилскиот дефанзивец Габриел Магалес, со кого е договорена петгодишна соработка, а официјално ќе биде потврдена денес или утре.

Лил се согласи да го продаде 22-годишниот стопер за сума од 25 милиони евра. Во наредните часови, сè ќе биде официјално потврдено и Габриел ќе отпатува за Лондон за да го потпише договорот.

Така, после Вилијан, втор Бразилец ќе ги засили редовите на Арсенал, а овој пат засилувањето е на критичната стоперска позиција.

Габриел ја започна својата кариера во Аваи, Бразил. Тој пристигна во Лил во 2017. година, а пред да се пресели во првиот тим, беше на позајмица во Динамо Загреб.