Арсенал го чека најлошото сценарио, познато што е причина за неуспехот!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал со неочекуван пораз од Њукасл (0-2) ги намали шансите да обезбеди место во Лигата на шампиони (ЛШ), а со тоа ги намали и шансите Микел Артета да остане тренер.

„Топчиите“ паднаа на еден од најважните испити во сезоната и така дојдоа до позиција во која ништо не зависи од нив.

Тотенхем во следното коло гостува кај отпишаниот Норич, додека Арсенал има тешка задача против Евертон, кој се бори за опстанок.

Артета минатата зима сакаше да го купи Душан Влаховиќ, но сепак тој заврши во Јувентус, а исто така лондонскиот тим остана и без Пјер-Емерик Обамејанг.

Кога станува збор за можни засилувања ова лето, Артета планира да ги земе Габриел Жесус и Рахим Стерлинг, но тоа може да се случи само ако тој остане тренер.