Арсенал го демолираше Челси, прв гол на Халанд за Манчестер сити (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Челси доживеа дебакл во градското дерби за време на подготовките, откако заагуби од Арсенал со 0-4, додека Манчестер сити славеше со 1-0 против Баерн Минхен.

Иако станува збор за пријателски дуели, сепак Арсенал немаше милост за Челси, па во листата на стрелци се запишаа Жесус, Одегард, Сака и Локонго.

Челси доби нови критики од навивачите кои сметаат дека на тимот му е потребен напаѓач, но и уште еден дефанзивец.

Ерлинг Халанд имаше одличен настап за „граѓаните“, па го постигна единствениот гол за победа на англискиот шампион против Баерн Минхен.