Арсенал го надигра Тотенхем и покажа дека е кандидат за титулата! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал ја запишаа седмата победа во Премиерлигата, откако денеска на домашен терен триумфираа против Тотенхем со 3-1 во осмото коло од шампионатот.

Арсенал го отвори подобро мечот и го нападна ривалот, а прв се закани Мартинели, кој сепак не ја затресе мрежата, но затоа Парти го „корегираше“ колегата и се запиша во листата на стрелци (1-0).

Во продолжение од средбата Хари Кејн успеа да израмни на 1-1 од пенал во 31. минута, по што имаше уште неколку шанси на двете страни.

„Топчиите“ во вториот дел целосно го надиграа противникот и Жесус погоди за 2-1, а Тотенхем си направи дополнителни проблеми со црвениот картон на Емерсон Ројал.