Арсенал го одигра последното полуфинале во Лига на Шампиони во 2009. година – што се случуваше тогаш со Лајпциг?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако Ред Бул Лајпциг се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите за прв пат во историјата, не им требаше долго на корисниците на социјалните мрежи да започнат да прават шеги на штета на Арсенал.

Топџиите станаа еден од главните цели на потсмев последниве години преку Твитер, Фејсбук или Инстаграм, а вакво сценарио ниту овој пат не ги заобиколи.

Изваден е податок дека Арсенал го одигра последното полуфинале од Лигата на шампионите во 2009. година. Еден месец подоцна, беше формиран тимот на РБ Лајпциг.

По неколку сезони на играње во пониските лиги, тимот се проби во Бундеслигата во летото 2016. година. Од тогаш, клубот оствари уште еден голем успех, синоќа, па за само 11 години постоење достигна место каде што Арсенал не е веќе 11 години.

Иако ова е помалку важно во моментот, ќе споменеме дека Арсенал играше во полуфиналето во 2009. година и загуби од Манчестер Јунајтед.

Инаку, Лајпциг во полуфиналето ќе игра против ПСЖ.