Арсенал го победи Баерн, Европа три од три против МЛС


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал на средбата на Интернационалниот куп на шампиони го совлада минхенски Баерн со 2-1.

Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме, а до водство прв стигна Арсенал. Се играше 49. минута кога сопствената мрежа ја погоди Познански за предност од 1-0.

Баерн до изедначување стигна во 71. минута со гол на Левандовски.

Сепак, во самиот финиш на натпреварот Арсенал дојде до победа. Еди Никетах го постигна вториот гол за Арсенал за водство од 2-1.

Европските тимови беа поуспешни против преставниците на МЛС и остварија три победи.

Севиља со 3-1 го победи Далас, а со ист резултат Борусија Дортмунд ги совлада Сиетл Саундерс, додека Астон Вила со 3-0 ја совлада Минесота.