Арсенал го потврди ангажманот на Микел Артета


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Повеќе нема дилеми, Микел Артета се нафати да го преземе „жешкиот костен“ во рака и да седне на клупата на Арсенал.

Сега веќе екс помошникот на Пеп Гвардиола од Манчестер Сити се договори со „Топчиите“ и начелно на „Емирати“ ќе остане во следните три и пол години.

„Ова е голема чест за мене. Арсенал е еден од најголемите светски клубови. Она што треба да го правиме е да освојуваме трофеи и тоа ми е многу јасно по средбата со сопствениците и спортскиот директор. Сите знаеме дека има уште многу работа за да се достигне тоа, но јас сум убеден дека ќе ги постигнеме тие цели“ –истакна Микел Артета по назначувањето како тренер на Арсенал.