Арсенал го совлада Њукасл и се врати во игра за топ-4 во Англија 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арсенал беше одличен на домашен терен и го победи Њукасл со 2-0 во 13. коло од англиската Премиерлига, па така се врати во трката за топ-4 во шампионатот.

По првото полувреме во кое мируваа мрежите, иако Њукасл се закани и погоди пречка, по одличната одбрана на голманот Арон Ремсдејл, Арсенал постигна два гола во вторите 45 минути.

Прв во листата на стрелци се запиша Сака во 56. минута, а подоцна беше заменет, додека неговата замена Мартинели го постигна вториот гол на мечот за 2-0.

Њукасл се обидуваше да дојде до бод и имаше неколку шанси, но не успеа да постигне гол, па така Арсенал со нови три бода се израмни со Вест хем на четвртата позиција со по 23 бода.