Арсенал и Тотенхем се „тепаа“ за него, на крај тој ќе заврши во Кристал Палас

Поранешниот фудбалер на Борнмут, Рајан Фрејзер веројатно ќе ја продолжи својата кариера во редовите на Кристал Палас.

„Орлите“ се заинтересираа за играчот и веројатно ќе го обезбедат неговиот потпис откако му понудиле договор со кој ќе заработува 50.000 фунти неделна плата.

За Фрејзер сериозен интерес имаше и од Арсенал и Тотенхем, а одреден период за него се распрашуваше и тимот на Евертон.

Сепак, на крајот тој кариерата веројатно ќе ја продолжи на „Селхрст Парк“.