Арсенал испадна од Манчестер сити, Артета е разочаран (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити го елиминира Арсенал во ФА-купот и се избори за осминафиналето со голот на Аке во второто полувреме.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета кажа дека е разочаран поради елиминацијата од Купот и смета дека можеле да постигнат повеќе на теренот.

„Разочарани сме, можевме да оствариме подобар резултат. Ова беше изедначен меч во кој решаваа нијанси. Моите момци покажаа дека можат повеќе, сакав да победиме, но тие нè елиминираа“, кажа Артета.

Артета, исто така, не сакаше да ги коментира шпекулациите за нови трансфери.