Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сеад Колашинац многу брзо може да го напушти тимот на Арсенал.
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина е еден од играчите што „Топџиите“ го поставија на трансфер-листата, а 27-годишниот дефанзивец се поврзува со Шалке и Рома.
Раководството на лондонскиот клуб постави цена за која може да си оди Колашинац. Тој изнесува 15 милиони евра, што е доста пристојна цена и овој надоместок не треба да претставува проблем за повеќето заинтересирани клубови.
Рома покажуваголем интерес за босанскиот фудбалер. Многу лесно може да се случи Колашинац да заврши во Олимпико, затоа што е нереално да се очекува тој да би се вратил во Шалке.
Арсенал не е подготвен да го испрати Колашинац на позајмица во Гелзенкирхен. Шалке има финансиски проблеми и не може да го откупи договорот, а неговата плата е премногу висока.
Сигурно е дека Колашинац ќе направи трансфер ова лето, и ќе видиме каде на крајот ќе заврши.
Колашинац има договор со Арсенал до летото 2022. година.