Арсенал ја забрза постапката, влезе во преговори и со Манчестер Сити


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Скај Спортс“ јавува дека од редовите на Арсенал  започнале преговори и со Манчестер Сити за услугите на Микел Артета.

Шпанскиот стратег кој е помошник на Пеп Гвардиола е првиот избор на челниците на „топчиите“ кои вчера го посетија неговиот дом.

Се верува дека посетата вродила со плод и дека Артета изразил подготвеност да седне на клупата на Арсенал по што првите лица на клубот стапиле во контакт со Манчестер Сити за обесштетувањето кое ќе треба да го платат за нивниот помошник стратег.