Арсенал купува француски репрезентативец од Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот медиум „Дејли Мирор“ пренесува дека од Арсенал се подготвени да стапат во преговори со Баерн Минхен во врска за фудбалерот од средниот ред, Корентин Толисо.

Французинот по неколку сезони на „Алијанц Арена“ ќе си замине од клубот затоа што не добива многу шанса од Ханс Дитер Флик кој неодамна доби и долгогодишен договор и ќе остане во Баерн Минхен и во следниот период.

Арсенал силно се интересира за Толисо за кој интерес има и од Атлетико Мадрид и Наполи, меѓутоа се верува дека фудбалерот ќе претпочита трансфер на „Емирати“ ова лето.