Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Давид Луиз најверојатно ќе го напушти Арсенал по само една сезона.
Искусниот бразилски дефанзивец дојде на „Емирати“ во август минатата година од Челси заменувајќи го Лоран Кошчелни, а по само една година ќе го смени клубот.
Иако се сметаше дека Луис има двегодишен договор со Арсенал, се покажа дека овие податоци не се точни бидејќи втората година е “опционална” и дека всушност не се активирала заради кризата во која се нашол клубот.
Бидејќи преговорите за продолжување на соработката не се во план, сè води до тоа Луис да го напушти Арсенал и да се врати во Бенфика, каде помина четири години пред да ја продолжи кариерата во Англија.
Самиот Луиз неодамна навести дека може да се случи трансфер.
„Отсекогаш реков дека би сакал да ја завршам кариерата во Бенфика. Го сакам тој клуб“, рече Луиз.
Одбраната на Арсенал евентуално може да остане без уште еден важен член, бидејќи се очекува да го напушти и клубот Митланд-Најлс.