Арсенал по 14. пат во својата историја го освои ФА Купот и се искачи на тронот на ова натпреварување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Арсенал по рекорден 14. пат ја освои титулата во најстарото англиско натпреварување, ФА Купот.

Избраниците на Микел Артета со 2:1 го совладаа својот голем ривал од Лондон, Челси во денешното финале на „Вембли“.

Челси го отвори резултатот со раниот гол на Кристијан Пулишиќ кој го матираше Мартинез уште во 5. минута.

Потоа следуваа два погодоци на Арсенал кои беа дело на најдобриот играч на „топчиите“, Пјер Емерик Обамејанг.

Со оваа победа Арсенал избори пласман во Лига Европа откако преку првенството не успеа да го направи тоа завршувајќи на 8. позиција на табелата.