Арсенал по подолго време се искачи на третата позиција на табелата (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Арсенал по подолго време се искачи на третата позиција која долго беше во „сопственост“ на Тотенхем.

„Топчиите“ со 2:0 го совладаа Њукасл и го искористија поразот на нивниот градски ривал од Ливерпул за да се искачат на третата позиција на табелата во Премиер лигата.

Стрелци на головите за Арсенал кој немаше речиси никаков проблем против Њукасл и рутински си ја одработи работата, беа  Арон Ремзи во 30. минута и Александер Лаказет во 83. минута од натпреварот.