Арсенал сака да го ангажира Бензема на позајмица?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Арсенал има проблеми во нападот, па така го загуби првото место на табелата во лигата и сега бара решение.

Медиумите пишуваат дека Арсенал ќе тргне по потписот на Карим Бензема од Ал Итихад, кој би можел на позајмица да заигра кај „топчиите“.

Бензема минатото лето се пресели во Ал Итихад и одигра 24 меча, а притоа постигна 15 голови и пет асистенции, но во моментов не е во добри односи со тренерот и навивачите.

Договорот на Бензема со Ал Итихад трае до јуни 2026 година, но постои можност нивната соработка да заврши многу порано.