Арсенал штедел пари оваа зима за да потроши 200 милиони евра следното лето?

Лондонскиот тим Арсенал не направи ништо во преодниот рок, откако остана без потписот на српскиот голгетер Душан Влаховиќ, а притоа се ослободи од Пјер-Емерик Обамејанг.

Премиерлигашот има доверба во тренерот Микел Артета, а газдата на клубот е подготвен да потроши 200 милиони евра на засилувања за следното лето.

Главна желба на Артета останува Калвер-Луин од Евертон, а второ засилување во нападот треба да биде фантастичниот Александер Исак од Реал Сосиедад.

Тоа не е сè затоа што Арсенал е заинтересиран и за Рубен Невеш од Вулверхемптон, а неговата цена е околу 60 милиони евра, па вкупно со останатите двајца ќе чинат околу 200 милиони евра.

Артета минатото лето потроши 180 милиони евра на Вајт, Одегард, Рамсдејл, Томијасу, Локонго и Таварес, па со новите ѕвезди би требало да немаат повеќе проблеми да изборат место во топ-4.