Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Арсенал влегуваат во преговори за две супер засилувања во пресрет на новата сезона.
„Скај Спортс“ пренесува дека од клубот од Лондон веќе започнале разговори со агентот на Јасин Брахими, фудбалерот кој е слободен агент откако му истече договорот со Порто. 29 годишниот алжирски офанзивец сезонава што измина во дресот на Порто постигна 13 погодоци и запиша девет асистенции во 49 натпревари во сите натпреварувања.
Покрај Брахими, Арсенал веќе ја испратил и првата понуда за нивната примарна трансфер мета оваа сезона, Вилфред Заха.
„Скај Спортс“ пишува дека „топчиите“ испратиле понуда од околу 40 милиони фунти за услугите на одличниот фудбалер, но се очекува истата да биде одбиена бидејќи за него Кристал Палас бара минимум 70 милиони евра.