Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Го совладаа Манчестер Сити, но останаа без уште еден дефанзивец.
Славеа Топџиите над Граѓаните во последната проверка пред стартот на ПЛ, но во пријателски меч се случи нешто многу лошо по тимот на Венгер.
Се повреди Габрил Паулиста, сеуште не се знае колку Бразилецот ќе отсуствува од терените, а неговата повреда го стави Арсенал во многу незгодна ситуација пред стартот на шампионатот.
Тие на Емирати на 14 август ќе го дочекаат Ливерпул, а Венгер на позиција централен бек ќе има многу малку играчи на располагање.
Пер Мертезакер е одамна повреден, Кошчелни се врати на тренинзите но прашање е колку е спремен, а сега е повреден и Паулиста.
Стоперскиот тандем може да го сочинуваат Холдинг (20), кој стигна од Болтон во ова лето, и Чејмберс (21) ко јкај Венгер научи да игра на позиција централен бек.
За место во „срцето“ на одбраната ќе конкурира и младиот Полјак Кристијан Блелик.
Значи, Арсенал е во големи проблеми пред мечот со Ливерпул, навивачите се надеваат дека Венгеер експресно ќе „искешира“ еден стопер кој ќе ја покрие дупката во одбраната, но тоа според зборовите на Венгер тешко ќе се случи.
„Реков многу пати дека се наоѓаме на пазарот, но за нас купувањето не е лесно. Се надеваме со добри вести за повредата на Габриел“, рече Венгер по завршувањето на дуелот со Манчестер Сити.
„Кошчелни се врати на тренинзите но може да се случи да бидеме кратки назад во наредната недела. Ако Габриел, Мартезакер и Кошчелни не можат да играат, тоа е навистина голем број на играчи надвор од тимот“, констатираше францускиот стратег.
Ќе видиме што ќе се случи во наредните денови, а да потсетиме дека Арсенал веќе е доведуван во врска со неколку стопери, меѓу кои се Џејсон Мурињо (Интер), Томас Вермален Барселона), Џони Еванс (Вест Бромвич) и Федерико Фернандез (Свонси).