Арсенал во страв: Озил планира да им земе еден куп пари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот фудбалер Месут Озил е отпишан од плановите на Микел Артета, а клубот сака да го продаде во јануарскиот проден рок.

Ди-Си јунајтед и Фенербахче се главни фаворити за неговиот потпис, а турските медиуми најавија дека тој договорил три ипол годишен договор во Истанбул, иако нема официјална потврда.

Озил има богат договор со лондонскиот тим и заминување од клубот би го чинеле околу 10 милиони евра. Неговиот договор изнесува 350.000 фунти неделно, а до завршување на соработката има уште 26 недели и тоа се повеќе од 10 милиони евра.

Исто така, во договорот има вклучен и бонус за верност. Тој дел од договорот е поставен за да се обезбеди дека Озил нема никаде да замине пред завршување на соработката.