Артета беше воодушевен од отпишаниот фудбалер на Унаи Емери


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот стратег Микел Артета го имаше своето деби на клупата на Арсенал вчера.

Топџиите одиграа против Борнмут, на крајот успеаја да стигнат само до реми. Арсенал губеше по првото полувреме со 1-0, но реми на својот клуб му донесе гол на Обамејанг на средина на второто полувреме.

Месут Озил играше 75 минути . Германецот се врати во првиот тим, откако беше отпишан од Унаи Емери, кој целосно го игнорираше досега оваа сезона.

Сепак, заминувањето на Емери беше сигурно најрадосниот момент за Озил, кој експресно се врати во почетниот состав. Артета зборуваше за Озил, кој не го криеше својот ентузијазам за однесувањето на овој играч од средниот ред.

„Неговото однесување од првиот момент кога пристигнав во клубот е навистина неверојатно. Тој е професионален и фантастичен играч“, рече Артета.

Озил очигледно се препороди со заминувањето на Емери, а навивачите на Арсенал се надеваат дека конечно ќе се врати во форма и да покаже зошто тој е далеку најплатениот играч во клубот.