Артета го договори Рајс, па отпиша двајца првотимци


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал ова лето е активен на трансфер-маркетот со цел да создаде моќен тим со кој Микел Артета ќе може да ја освои титулата во Премиерлигата.

Најново засилување на екипата треба да биде Деклан Рајс од Вест хем, откако претходно пристигна Каи Хаверц.

Тренерот Артета во меѓувреме имал разговор со управата на Арсенал и отпишал двајца првотимци, а станува збор за Томас Парти и Гранит Џака, кои наскоро ќе го напуштат клубот.

Парти одамна се поврзува со трансфер во Јувентус, а за него интерес покажаа и неколку тимови од Саудиска Арабија.