Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сагата околу трансферот на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид во Арсенал продолжува и утрово откако шпанските медиуми објавија што одлучил Микел Артета во врска со Бразилецот.
Се почесто се шпекулира дека Винисиус Жуниор ова лето ќе го напушти Реал Мадрид и ќе ја продолжи кариерата во Арсенал, што без сомнение би бил најголемиот трансфер во досегашниот преоден рок.
Винисиус веќе со години е еден од најдобрите играчи на Реал, но работите се закомплицираа кога станува збор за преговорите околу неговиот нов договор.
Бразилецот има соработка со Кралевите до крајот на следната сезона и сè уште не постигнал договор со Реал за продолжување, бидејќи клубот не сака да му ја даде платата што тој ја бара. Поради тоа, се почесто се зборува дека Винисиус сериозно размислува за заминување од Реал, а неговата нова дестинација би можел да биде Арсенал.
Топџиите покажаа огромен интерес за Винисиус, бидејќи знаат дека со неговото доаѓање би добиле огромно засилување и се подготвени за него да платат и над 100 милиони евра.
Од Англија вчера стигнаа вести дека Арсенал одлучил да оди на се или ништо кога е Винисиус во прашање, а сега и шпанските медиуми објавија дека најдобро го потврдува тоа потегот на Микел Артета.
Тренерот на Арсенал силно сака да го доведе Винисиус во својата екипа, а информациите што пристигнуваат зборуваат дека тој целосно се вклучил во овој процес и ги презел работите во свои раце.
.
















