Артета носи лев бек од ПСЖ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Микел Артета се уште трага по јануарски засилувања, а се чини дека едно веќе пронашол во ПСЖ.

Имено, како што наведуваат странските медиуми, Леивин Курзава би требало да биде првото засилување на Артета.

Киеран Тирни ќе надвор од терените најмалку уште два месеци, додека Колашинац веќе има некои ситни повреди, па Артета смета дека му треба уште еден лев бек.

Наводно Арсенал во јануари ќе донесе два играчи,но двата ќе бидат на позајмица и тоа еден лев бек и еден играч за врска.

Второт засилување би требало да биде Бруно Гимараеш од Атлетико Паранаенсе, кој освен Арсенал го посакува и Бенфика.