Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, беше разочаран откако неговиот тим испадна од Лигата на Европа.
Олимпијакос синоќа славеше со 2-1 на Емирати по дополнителното време, со што се пласираше во осминафиналето во Лигата на Европа, а Артета беше разочаран по мечот.
Тој вели дека овој пораз многу го повредува.
„Ова боли. Имавме големи очекувања од ова натпреварување. Ова е прекрасно натпреварување за освојување“.
“Мислам дека направивме многу позитивни работи на овој натпревар. Мислам дека создадовме доста шанси да победиме, но примивме два гола од прекин и си направивме огромен проблем”, вели Артета.
Потсетете се дека Габонецот Пјер-Емерик Обамејанг имаше шанса да го одведе својот тим во осмина финалето во 123-та минута, но пропушти сто процентна шанса.
Тој го изјави следново по натпреварот:
“Тешко е, разочаран сум. Бевме без среќа во финишот. Не знам како ја пропуштив таа можност. Се чувствувам лошо … И јас бев уморен, имав грчеви, но нема изговор за тоа”, рече Обамејанг.
Олимпијакос ќе ги дознае ривалите во осминафиналето денес во 13 часот.