Артета „плачеше“ по поразот од Порто, па Консеисао го посрамоти (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Порто славеше со 1-0 против Арсенал во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот на премиерлигашот, Микел Артета се пожали на начинот на игра на ривалот.

Артета кажа дека е разочаран затоа што го загубиле мечот во последната минута, но исто така имаше замерки на дефанзивната игра на Португалците.

Тренерот на португалскиот гигант, Серхио Консеисао не му остана должен на Артета и го спушти на земја.

„Тоа го кажал? Тие сакаа да играат, а ние да победиме. Тоа е сè што имам да кажам“, порача Консеисао.