Артета по мечот со Сити: Им подаривме три гола, но верувам дека ќе ја освоиме титулата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лондонскиот гигант Арсенал загуби од актуелниот шампион Манчестер сити сред Лондон со 1-3, па така „граѓаните“ се вратија во трката за титулата.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета вели дека верува во освојување на титулата и објасни која била разликата меѓу тимовите.

„Сега верувам уште повеќе во титулата. Со ова ниво на игра, имавме чувство дека може да ги победиме, барем додека не го постигнаа вториот гол. Им подаривме три гола, такви грешки против Сити не смеат да се случат. Разликата е тоа што тие имаа три шанси и ги реализираа, а ние имавме шанси кои не ги претворивме во гол“, вели Артета.